Лабораторија за Долговечност

Твоето тело е единствениот олдтајмер во кој ќе живееш до крајот на животот - научи како да го сервисираш за да вози мазно и по 100.000 километри.
Статус на Лекции
21 ОД 100
30+ Години Преферирана Група

Што ќе научите?

  • Биолошко сервисирање: Совладај ги најновите био-хакинг методи за регенерација на клетките и природно забавување на процесот на стареење.
  • Оптимизација на „горивото“: Научи како специфични навики во исхраната, сонот и движењето го продолжуваат животниот век и ја зголемуваат дневната енергија.
  • Превенција и виталност: Изгради одржлив систем за заштита на „моторот“ (срцето и мозокот) за врвна физичка и ментална форма и по 100-тата година.
21

Воздишка за смирување: Моментален стоп за стресот

Најбрзиот начин да го смириш својот нервен систем е со менување на начинот на кој дишеш. Твоите бели дробови се далечинскиот управувач на твојот мозок.

20

Омега-3: Како да го „подмачкаш“ својот мозок и срце

Твојот мозок е 60% масти. Ако не ги менуваш 'маслата' редовно преку исхраната, внатрешниот систем почнува да чкрипи и да се воспалува.

19

Протеински оклоп: Твојот штит против стареењето

Мускулите не се само за изглед, тие се твојата 'пензија' за здравје. Протеинот е градежниот материјал кој не дозволува твоето тело да се урива со годините.

18

Динамичен ’рбет: Како да не „’рѓосаш“ додека седиш

Човекот е стар онолку колку што му е подвижен ’рбетот. Ако твојот ’рбет е вкочанет на 30 години, ти веќе си старец; ако е еластичен на 60, ти си сè уште млад.

17

Дигитален поглед: Како да ги заштитиш очите и мозокот

Твоите очи не се направени со часови да гледаат во една точка. Дај им простор да го видат светот во далечина за да го смириш својот ум.

16

Кафе со памет: Како паметно да го користиш кофеинот

Кафето е најдобар слуга, но најлош господар. Ако го пиеш во вистинско време, ти дава фокус; ако го пиеш погрешно, ти ја позајмува енергијата од утрешниот ден.

15

Синхронизиран глад: Како тајмингот на оброците го забавува стареењето

Твоето тело не е машина која работи 24/7. Ако јадеш во ритам со сонцето, му дозволуваш на својот систем да се подмладува наместо само да преработува.

14

Алкохол: Скриениот крадец на твоите години

Алкохолот е како кредит – го користиш денес за малку забава, но утре го враќаш со камата преку твоето здравје и енергија.

13

Магнезиум: Исклучувачот на стрес и чувар на клетките

Магнезиумот е како 'кочница' за твојот стрес. Кога го немаш доволно, телото ти е постојано напнато, а сонот ти бега.

12

Вториот мозок: Зошто долговечноста започнува во стомакот

Твојот стомак не само што ја вари храната, тој управува со твоите мисли и твојот имунитет. Нахрани ги 'добрите соседи' внатре во тебе

11

Шок од топлина: Како сауната ги „пегла“ твоите клетки

Топлината е тивок чистач. Кога телото се загрева, тоа ги активира механизмите кои ги поправаат оштетените делови длабоко во тебе.

10

Носот е за дишење: Твојот внатрешен систем за рамнотежа

Диши низ нос за мирен ум и здраво тело. Едноставна навика која менува сè.

09

Клеточна хидратација

Твоите клетки не бараат само течност, тие бараат електрицитет. Без минерали, водата е само патник кој поминува низ тебе без да застане.

08

Зошто силата е твојот таен штит

Мускулите не се само за во теретана. Тие се твојата слобода да се движиш и да уживаш во животот без болки.

07

Автофагија: Внатрешниот систем за самочистење

Автофагија е природен процес во кој клетките ги разградуваат и ги рециклираат сопствените оштетени компоненти.

06

NEAT: Тајната на движењето без напор

Долговечноста не се гради само во теретана. Таа се крие во сите оние мали движења што ги правиме помеѓу вежбањето и спиењето.

05

Шеќерен Ролеркостер

Храната не е само калории, таа е информација.

04

Ладен Туш: Ладење на Прегреаниот Мотор

Без малку 'термален стрес', системот станува мрзлив, имунитетот заспива, а воспаленијата дивеат.

03

Сонце во Очи: Ресетирање на Тајмерот

Твоето тело е како соларен систем. Наполни ги батериите со светлина наутро.

02

VO2 Max: Моторот на Долговечноста

Не е важно колку добро изгледа каросеријата на твојот олдтајмер – ако моторот нема капацитет да прими гориво

01

Стисокот на Животот

Твоите раце се единствениот интерфејс со физичкиот свет – ако стисокот попушти, попушта и целиот систем.