Услови за користење на платформата Lekcija.mk
Последно ажурирање: 05.05.2025
Со пристапувањето и користењето на веб-страната Lekcija.mk, вие се согласувате со следните услови:
1. Прифаќање на условите
Користењето на нашите услуги подразбира дека сте запознаени и согласни со овие Услови за користење. Доколку не се согласувате со било кој дел, ве молиме да не ја користите платформата.
2. Авторски права и интелектуална сопственост
Сите содржини на Lekcija.mk (текстови, видеа, илустрации, логоа, дизајн и едукативни програми) се во сопственост на Lekcija.mk и се заштитени со Законот за авторско право.
- Забрането е: Копирање, преземање, редистрибуција или продажба на содржините без изречна писмена дозвола од сопственикот.
- Корисникот добива право за лично користење на содржината, но не и за комерцијална употреба.
3. Кориснички сметки
При креирање на сметка, вие сте одговорни за точноста на информациите и за чување на вашата лозинка. Lekcija.mk го задржува правото да го ограничи или прекине пристапот на корисници кои ги прекршуваат правилата или се обидуваат да наштетат на платформата.
4. Ограничување на одговорност
Содржините на Lekcija.mk се од едукативен и информативен карактер. Дел од визуелните материјали на Lekcija.mk се креирани со помош на AI алатки и дополнително уредени за едукативна употреба. Содржината е информативна и не претставува професионален медицински, финансиски или правен совет.
- Важна напомена: Програмите како „The Longevity Lab“ не претставуваат медицински совет. Секогаш консултирајте се со стручно лице пред да воведете промени во вашата исхрана или начин на живот.
Lekcija.mk не презема одговорност за евентуални штети настанати од неправилно толкување на информациите.
5. Промени во услугите
Го задржуваме правото да ги менуваме, прекинуваме или ажурираме содржините и функционалностите на сајтот во било кое време, со цел подобрување на корисничкото искуство.