BLUE OCEAN СТРАТЕГИЈА ЛЕКЦИЈА #012

Мапа на корист (Каде е вистинската болка?)

Не е сè во цената. Понекогаш купувачот само сака производот да не му ја „комплицира“ неговата секојдневна рутина.

# CustomerExperience # PainPoints # Strategy
Назад кон Лекциите
Лекција 012: 6x6 Матрица на вредноста
Стратегија 012

6x6 Матрица на
вредноста.

Повеќето бизниси веруваат дека ако го подобрат квалитетот на самиот производ, ќе победат. Но, Blue Ocean стратегијата нè учи дека купувачот поминува низ 6 фази на искуство, а во секоја фаза можеш да му понудиш 6 различни видови на корист.

36 Точки на иновација

Твојата шанса за Син Океан се крие таму каде што целата индустрија поставила „бариера“ (болка), а ти нудиш „лост“ (олеснување).

6 Лостови на корист

Начини за олеснување на животот:

1. Продуктивност на купувачот
2. Едноставност (помалку чекори)
3. Погодност (достапност)
4. Намалување на ризик (сигурност)
5. Забава и имиџ (статус)
6. Еколошка прифатливост (совест)
Детална Анализа

6-те фази на искуство на купувачот

Купување

Колку е лесно да се најде и купи производот?

Испорака

Колку е брзо и безбедно пристигнувањето?

Употреба

Дали бара обука или е интуитивно?

Додатоци

Дали ти требаат други работи за да го користиш?

Одржување

Дали е тешко за поправка или чистење?

Отстранување

Дали е тешко да се фрли или рециклира?

Твоја Мисија

Детектор за триење

Ајде да го анализираме процесот на купување половен автомобил.

1

Фаза на купување: Кој е најголемиот Ризик? (Дека ќе те излажат за состојбата).

2

Фаза на одржување: Која е најголемата Компликација? (Барање мајстор кој не е „солен“ со цените).

3

Креирај решение: Како би изгледал бизнис кој го решава Ризикот во купувањето и нуди Едноставност во одржувањето? (пр. сертификат од независен експерт вклучен во цена и пакет со бесплатен сервис за првата година)?

Friction Analysis

Pain Point

„Дали моторот е стварно добар или само исчистен за продажба?“

Lever of Utility

Сертификат од независен експерт + 1 година бесплатен сервис.

Примери од Пракса

Како овие 36 полиња создадоа нови лидери

Nespresso

Употреба & Едноставност

❌ Проблемот: Правење еспресо дома бараше скапа машина, мелење и бариста знаење. Премногу хаос во фазата на Употреба.

✅ Решението: Капсули. Сè е подготвено, нема чистење, само притискаш копче.

Резултат: Nespresso не го промени „кафето“, тие ја променија Едноставноста во фазата на Употреба.

Dollar Shave Club

Купување & Погодност

❌ Проблемот: Купувањето во маркет е фрустрирачко (отклучување шкаф, 50 збунувачки модели). Премногу хаос во фазата на Купување.

✅ Решението: Претплата. Бричевите ти доаѓаат дома секој месец, без да размислуваш.

Резултат: Го префрлија фокусот на Погодност во фазата на Купување (редовност).

Airbnb

Купување & Намалување ризик

❌ Проблемот: Изнајмување кај странец преку огласи беше Ризик (Дали постои? Дали ќе ми ги украдат парите?).

✅ Решението: Систем за рецензии и задржување на парите додека не се чекираш.

Резултат: Ја отклучија индустријата со тоа што го елиминираа Ризикот во фазата на Купување.

???? Дали знаеше? Заборавената фаза

Повеќето компании целосно ја игнорираат 6-тата фаза: Отстранување (Disposal). Постојат фирми за гуми кои наместо да продаваат гуми, ги „изнајмуваат“ на камионски компании. Кога гумата ќе се истроши, тие доаѓаат, ја земаат и ја рециклираат. Купувачот не се мачи со депонии, а фирмата ги враќа суровините назад. Тоа е чист Син Океан во фазата на која никој не мисли.

Бизнис Идеи

Конкретни примени

"Tech-Setup" Concierge

Сервис за постари лица

Проблем

  • • Купувањето нов телефон или лаптоп за пензионерите е траума во фазите на Испорака и Употреба.
  • • Тие го купуваат уредот, но не знаат да префрлат контакти или да постават Viber.

Решение

Сервис кој оди со купувачот во продавница, му помага да одбере, а потоа поминува 2 часа дома за сè да постави и да го обучи.

Како функционира

  • • Лост: Едноставност + Погодност.
  • • Продаваш „олеснување“ во фаза каде сите други само ти го „бутаат“ производот во рака и си одат.

Зошто верувам во оваа Идеја?

Технологијата за старите лица е „црна кутија“. Кој ќе ја отвори таа кутија со трпение и едноставност, ќе го поседува најлојалниот пазар.

Твојот Прогрес
12 / 365
Start Master
РАНГ ???? Никулец (Sprout)