Кој е одговорен за податоците
Контролор на личните податоци е:
- Правно лице
- Друштво за трговија и услуги ЛЕКЦИЈА ПЛУС ДООЕЛ Скопје
- Е-пошта
- info@lekcija.mk
Кои податоци ги обработуваме
Во зависност од тоа како ја користиш Lekcija.mk, може да обработуваме:
- Податоци за сметка - име, е-пошта и информации потребни за регистрација, најава и управување со сметката.
- Податоци за учење - започнати и завршени активности, напредок, историја и други функции поврзани со твоето искуство со учење.
- Податоци за Lekcija+ - тип и извор на пристап, статус, почеток, крај или друга релевантна информација за пристапот.
- Податоци за плаќање - информации потребни за нарачка или потврда на плаќање, како износ, валута, статус и референца. Lekcija.mk не чува цел број на картичка, CVV или други чувствителни податоци за картичка.
- Податоци што сам ги испраќаш - преку Контакт, Соработка или други форми.
- Технички и безбедносни податоци - како IP адреса, податоци за прелистувач/уред, настани во сесија и серверски записи кога се потребни за функционирање и безбедност.
Зошто ги користиме
Податоците ги користиме за:
- создавање и одржување на корисничка сметка;
- обезбедување пристап до бесплатна и Lekcija+ содржина;
- зачувување на напредокот и корисничките избори;
- обработка и потврда на плаќања;
- обезбедување пристап преку компанија или организација;
- испраќање важни системски пораки;
- одговор на прашања, барања и предлози;
- безбедност и спречување злоупотреба;
- подобрување на услугата и аналитика кога таквата обработка е дозволена;
- исполнување законски и други задолжителни обврски.
Кога за одредена обработка е потребна согласност, таа се бара одделно и можеш да ја повлечеш согласно применливите правила.
Плаќање и пристап преку компанија
Кога користиш Lekcija+, може да обработуваме информации потребни за да се потврдат плаќањето и твоето право на пристап.
Ако електронско плаќањето се врши преку надворешен давател на платежни услуги, тој директно може да обработува податоци потребни за трансакцијата. Lekcija.mk не чува чувствителни податоци за платежна картичка.
Ако Lekcija+ пристап ти е обезбеден од компанија или организација, таа може да управува со доделувањето на пристапот.
Компанијата не добива автоматски увид во твојата индивидуална историја на читање, интереси или личен напредок.
Со кого ги споделуваме
Не ги продаваме личните податоци на корисниците.
Може да користиме доверливи надворешни даватели кога се потребни за функционирање на Lekcija.mk, на пример за:
- хостирање и инфраструктура;
- системски пораки по е-пошта;
- обработка на електронско плаќање;
- аналитика и техничко мерење;
- безбедност и техничко одржување.
Тие обработуваат податоци само во обем потребен за конкретната услуга и согласно применливите правила.
Колку долго ги чуваме
Податоците ги чуваме само колку што е потребно за целта за која се обработуваат или колку што бараат применливите законски обврски.
На пример:
- податоци за сметката и учењето - додека сметката и релевантните функции се активни;
- платежни и сметководствени записи - колку што е потребно според применливите сметководствени и законски обврски;
- пораки од Контакт и Соработка - додека се потребни за обработка и разумно следење на барањето;
- безбедносни записи - ограничен период потребен за безбедност и решавање инциденти.
Твои права
Во зависност од применливите правила, можеш да побараш:
- пристап до твоите лични податоци;
- исправка на неточни податоци;
- бришење кога се исполнети условите;
- ограничување или приговор на одредена обработка;
- повлекување согласност кога обработката се заснова на согласност;
- преносливост на податоци кога тоа право е применливо.
За контроли и барања поврзани со сметката: Управувај со приватноста и сметката →
Можеш да поднесеш претставка до Агенцијата за заштита на личните податоци. Повлекувањето на согласноста не ја менува законитоста на претходната обработка.
Контакт и промени
За прашање или барање поврзано со приватност можеш да ни пишеш преку страницата Контакт или на info@lekcija.mk.
Оваа Политика може да се ажурира кога се менуваат услугите, технологиите или применливите правила.
Секоја објавена верзија има свој број, датум од кога важи и датум на последно ажурирање. На оваа страница се прикажува само тековната објавена верзија.
Правна основа
Сметката, пристапот, напредокот и нарачките се обработуваат за исполнување на услугата што ја бараш. Задолжителните платежни и сметководствени податоци се обработуваат поради законски обврски. Безбедносните записи служат за заштита на сметките и спречување злоупотреби, врз основа на легитимен интерес. Опционалната аналитика и промотивните пораки се засноваат на одделна согласност, која можеш да ја повлечеш.
Без задолжителните податоци не можеме да ја отвориме сметката или да ја обработиме нарачката. Не е задолжително да дозволиш опционална аналитика или промотивни пораки.